РБ Лајпциг за првпат во историјата го освои германскиот куп (ВИДЕО)

369

По две загубени финалиња, трета среќа за РБ Лајпциг. По подобро изведување на пенали, екипата на РБ Лајпциг успеа да го совлада Фрајбург во финалето на Германскиот куп кое се одигра вечерва во Берлин и на тој начин за првпат во клупската историја го освои националниот куп.

Фрајбург имаше неверојатна шанса да дојде до својот прв куп-пехар во првото учество во финалните натпревари, но дозволи противникот со играч помалку да израмни, да остане на 1:1 до крот на дополнителните 30 минути игра и на крајот по подобро изведување на пенали да го освои трофејот.

Фрајбург поведе во 19. минута со голот на Егештајн, по што РБ Лајпциг во 57. минута остана со играч помалку поради исклучувањето на Халстенберг. Сепак, „биковите“ не се предадоа и преку херојт вечерва, Нукунку во 76. минута дојдоа до 1:1 и се изборија за продолженија. Откако и таму немаше победник, решаваше пенал-рулетот. Во него, РБ Лајпциг погоди во сите четири изведби, додека Фрајбург имаше две промашувања што беше доволно за конечни 4:2 во пенал-серијата и историски прв куп-пехар во рацете на момците од „Ред Бул“.

 

ПретходноНиколов и Шериф Т. го освоија и Купот на Молдавија
СледноФиорентина го победи Јуве и си обезбеди европски настап (ВИДЕО)