Фантастична асистенција на Велковски за крај на сезоната со Ријека (ВИДЕО)

247

Во последниот меч сезонава за екипата на Ријека, фантастична асистенција на нашиот репрезентативен стопер, Дарко Велковски. Ријека на домашен терен го совлада Хрватски Драговољац со 1-0 (1-0), а стрелец на единствениот гол беше Хорхе Обрегон во 2. минута од натпреварот.

Велковски упати одлична длабинска топка кон својот напаѓач, а Обрегон со удар од 15 метри го совлада Мариќ. Мечот немаше резултатско значење, бидејќи и претходно беше јасно дека Ријека сезоната ќе ја заврши на четвртото место.

 

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ го потврди новиот договор со Мбапе (ВИДЕО)
СледноМициќ е МВП на финалето на Евролигата