Анадолу Ефес ја одбрани европската титула

181

Кошаркарите на Анадолу Ефес го одбранија трофејот во Евролигата откако во „Штарк арената“ во Белград вечерва го совладаа Реал Мадрид со 58:57.

Како што доликува на едно финале, слично и на полуфиналните дуели, неизвесноста беше проследена до последната секунда на мечот. Двата тима дадоа се од себе да ја освојат европската круна, но на крајот избраниците на Ергин Атаман беа подобри и вторпат едноподруго доаѓаат до европската круна.

Шејн Ларкин беше расположен и во финалниот меч, а истото може да се каже и за Мициќ, кои беа предводници во новиот успех на турскиот гигант. Исклучително интересен беше последниот период, каде Ефес беше тој што одигра во подобар ритам. Мициќ погоди луда тројка над Валтер Тавареш, меѓу моментите за одбележување, но исто така и Тибор Плајс имаше свои минути во завршницата кои пресудија во полза на Турците.

Мициќ средбата ја заврши со 23 поени, додека Плајс постигна 19. Кај Реал Тавареш имаше 14, додека Љуљ постигна 9.

ПретходноТиквеш најде решение и за Охрид
СледноОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ го потврди новиот договор со Мбапе (ВИДЕО)