Денеска се одигра деветото коло во плеј-аут лигата. Сите три меча се играа се чест, бидејќи во претходната рунда Куманово дојде до важни бодови и не му даде шанса на дебитантот, Ангели до крај да сонува за останување во елитата.
Кога сме кај дебитантот, продолжи да реди победи, го доби дербито на долниот дел од табелата против МЗТ Скопје совладувајќи го со 94-82. Овие два тиме од следната сезона се селат во Втората лига.
Рејм имаше 17 поени, два помалку запиша Хендерсон, Атанасов и Крстевски беа стрелци на 14 поени. Кај МЗТ, Митевски имаше 23 поени, додека Андоновски 18, дабл-дабл запиша Петровски од 15 поени и 11 скока.
Куманово на домашен терен беше доминантен против Работнички го совлада со 107-79, додека претд овие две средби Кожув на домашен терен беше совладан од Академија ФМП со 79-94.