Тимот на Барселона е победник на дуелот за третото место на фајнал – фор турнирот во Белград откако предмалку со 84:74 го совлада тимот на Олимпијакос.
„Каталонците“ се покажаа како подобар ривал во овој утешен дуел денеска од завршницата на Евролигата, и обезбедија трето место во вкупниот пласман сезонава во најдоборото клупско кошаркарско натпреварување во Европа.
Миротиќ најдобар кај победничкиот тим со 19. поени, додека пак Везенков со кош повеќе кај Олимпијакос.
Финалето помеѓу Реал Мадрид и Анадолу Ефес стартува од 19:00 часот.