До крајот на сезоната остануваат уште две кола. Според распоредот не би требало да има промени околу освојувачот на титулата и оваа сезона. Бранителот на тронот, Вардар 1961 треба да направи уште два чекори до пехарот.
Избраниците на Давид Дејвис во недела му гостуваат на Бутел Скопје, додека во последното коло на домашен терен го пречекуваат Охрид. Пред своите навивачи ќе ја прослават титулата и ќе стават печат на успешната сезона, во која беше планирано да ги одбранат двете круни и да играат во осминафиналето во ЛШ.
Претпоследното 9. коло во Супер-лигата плеј-оф ќе биде отворено во Битола, таму двата тима Е.Пелистер и Е.Пелистер 2 ќе ги одмерат силите во братското дерби, мечот е закажан со почеток во 18 часот.
Еден час подоцна, Тиквеш ќе го пречека Охрид во „Јасмин“. На програмата е еден меч од плеј-аут, Прилеп е домаќин на Струга (18:30 часот).