Во бразилската Серија Б се одигра мечот меѓу Васко да Гама и Бахиа, а мечот го одбележа брутален старт по кој голманот на гостинската екипа мораше да го напушти теренот поради сериозна повреда.
Имено во една мешаница пред голот, голманот на Бахиа Даглас Фридрих се спреми да ја фати топката, но противничкиот дефанзивец Леандро Кастан ја испружи ногата мислејќи дека ќе стигне пред тој да интервенира.
Исходот е копачката на Кастан во лицето на Даглас. Бекот прво доби жолт картон, но после ВАР снимката судијата му покажа црвен. Голманот мораше да го напушти теренот и да добие лекарска интервенција.
Инаку Васко го доби мечот со 1:0.
Vasco-defender Leandro Castan stomping Bahia-goalie Douglas Friedrich in the face. (Douglas er forøvrig broren til Ricardo Friedrich som spilte i Bodø/Glimt). pic.twitter.com/QaZc8NDbMl
— André Noruega (@AndreOstgaard) January 31, 2021
¡DURÍSIMA IMAGEN! 😳
Leandro Castán fue expulsado por esta fuerte falta hacia Douglas Friedrich 😰 pic.twitter.com/KOljwSYLCB
— GOAL en español (@Goal_en_espanol) January 31, 2021