Вардар го гради тимот: Моралес останува и следната сезона

710

Вардар 1961 почнува со градење на тимот за следната сезона. Од секогашниот состав, покрај Тимур Дибиров, Марко Мишевски и Борко Ристовски, раководството на клубот ја продолжи и соработката со Куни Моралес.

Кубанецот добро се вклопи во „црвено-црните“ редови, оваа сезона беше еден од најконстантните ракометари, па токму затоа првите луѓе на клубот немаа дилеми да му понудат нов договор.

Вардар вчера и официјално го претстави левиот бек Жилберто Дуарте, како и средниот бек Божо Анѓелиќ. Како ново засилување се најавува рускиот кружен напаѓач, Павел Андреев.

На трансфер листата се Жереми Тото, Стефан Додиќ, Патрик Валчак, Бакари Дијало, како и браќата Кевин и Оливие Њокас. Засега потврден е само Тото, кој се сели во Нант.

ПретходноБратско дерби во Битола, Вардар на два чекори до пехарот!
СледноИнтер почнал преговори со Мхитарјан