Натпреварот ТФТ – Гостивар, закажан за недела од 18.часот, а ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (пренос на МРТ), ќе го даде четвртиот и последен учесник во завршнцата на оваа натпреварувачка сезона во Првата лига-мажи.
По триумфот на Еуро Никел 2005 против Пелистер, во претходното коло, стана јасно дека кавадарчани се третата екипа која покрај МЗТ Скопје Аеродром (моментален скор (27-4) и Пелистер (24-6) е биде дел од доигрувањето за шампионскиот трофеј.
На коло пред крајот, и дуелот на домашен терен против Феникс 2010 (денеска, 12.часот), Еуро Никел 2005 има недостижни (18-13), за екипата која ќе го загуби дуелот во „Кале“, каде предноста на домашниот терен ја има екипата од Тафталиџе.
Победа на кавадарчани значи и сигурна трета позиција, и Пелистер како противник во полуфиналната серија на Плеј-офот.
Победникот од дуелот ТФТ-Гостивар според проекцијата за Плеј-офот, ќе игра против првопласираниот МЗТ Скопје Аеродром, кој оди во недела попладне (16.30 часот), во Битола оди само за да го задржи стонастотниот ефект во Суперлигата, секако и да го потврди постоечкиот квалитет.
Такви дилеми нема во Плеј-аут конкуренцијата. Извесно е дека екипите на Ангели и на МЗТ Скопје Уни Банка се селат во Втората лига, па преостанатите две кола ќе бидат само за одредување на конечниот пласман за натпреварувачката сезона 2021/2022.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
СУПЕРЛИГА – ДВОЈКИ 1О.КОЛО
21. МАЈ (САБОТА):
12.00: Еуро Никел 2005 – Феникс 2010
22. МАЈ (НЕДЕЛА):
16.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром
18.00: ТФТ – Гостивар (МРТ)
ТАБЕЛА: *МЗТ Скопје Аеродром 27-4, *Пелистер 25-6, *Еуро Никел 2005 18-13, Гостивар 17-14, ТФТ 17-14, Феникс 2010 14-17;
* – обезбедиле место во Плеј-оф
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – ДВОЈКИ 9. КОЛО
21. МАЈ (САБОТА):
15.00: Кожув – Навико Академија ФМП
18.00: Куманово 2009 – Работнички
18.00: Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка
ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП 16-14, Кожув 13-17, Работнички 13-17, Куманово 2009 11-19, *Ангели 8-22,* МЗТ Скоје Уни Банка 4-26;
*- испаѓаат од Првата лига-мажи