Влатко Костов: За Тиквеш утре единствена опција е – ПОБЕДА!

530

Утре во Струмица, на стадионот “Благој Истатов“ со почеток од 17 часот ќе се одигра еден од двата баражи за пополнување на ПМФЛ меѓу Тиквеш и Воска Спорт. Секако дека тимот од Кавадарци е во улога на фаворит, дека сака и натаму да игра во елитната лига.

За тоа што може да се очекува од Тиквеш, свој коментар има Влатко Костов, стратегот на кавадарчани.

Секако дека го респектираме нашиот противник, но за нас утре единствена опција е – ПОБЕДА. И на овој меч, како и на сите останати кои ги игравме во ПМФЛ, ние одиме на победа. Нема да биде лесно, но во фудбалот никогаш и ништо не е лесно. Знаеме што не чека и знаеме што треба да сториме за да ја оствариме целта. Ги повикуваме сите наши фанови утре да дојдат во Струмица и да ни дадат поддршка на дуелот против Воска Спорт“ изјави за „Спортмедиа“ шефот на струката на Тиквеш.

ПретходноOд Севиља, преку Лвов и Буенос Аирес до ЦСКА Москва
СледноКакво понижување за Перез: Мбапе одлучи, ПСЖ вечерва ќе ја соопшти веста која фудбалскиот свет ја чека!