Кевин де Брујне, членот на Манчестер Сити е прогласен за најдобар играч во Премиер – лигата за сезоната 2021/22 која утре, со последното коло, завршува. Интернационалецот од Белгија по вторпат е прогласен за најдобар и секако сосема заслужено. Тој е “моторот“ на четата на Пеп Гвардиола која утре би требало да стави „печат“ на новата титула. Само чудо треба да се случи Сити на свој терен да не ја победи Астон Вила и така да ја испушти титулата во последен момент.
Инаку Де Брујне ги победи во трката за најдобар играч во ПЛ Салах, Сон, Кансело, Александар – Арнолд, Боувен, Сака и Вард – Прајс. Сите тие заедно со Де Брујне беа номинирани, но сепак играчот за врска на Сити е најдобриот.
Ladies and gentlemen, your two-time @easports Player of the Season…
🥇 Kevin De Bruyne 🥇#PLAwards | @ManCity | @DeBruyneKev pic.twitter.com/18YOgieeky
— Premier League (@premierleague) May 21, 2022