Еуро Никел го декласираше Феникс 2010!

87

Во меч од последното коло во Супер – лигата, Еуро Никел во Кавадарци успеа со високи и убедливи 93-63 да го победи составот на Феникс 2010. Просто и играчки и резултатски го декласираше. Со оваа победа кавадарчани остануваат на третата позиција на табелата. Па така во разигрувањето за титулата ќе ги одмери силите со Пелистер.

Инаку вакво нешто не се насетуваше по првата четвртина која зварши со резултата 16-16, но во втората составот на Еуро Никел беше далеку подобар и ја доби со 25-15, во третата беше уште поубедлив со 33-13, додека во последната беше 19-19.

Најдобри стрелци кај Еуро Никел беа Џекиќ со 15 и Златев со 14 поени, додека кај поразениот тим Стојановски постигна 23 поени.

ПретходноТрофејот од СП пристигна во Скопје! (фото)
СледноПоранешна ѕвезда: Имав се што сакаат жените: многу пари, голем пенис, меѓутоа…