Францускиот фудбалер Пол Погба својата кариера ќе ја продолжи во Јувентус.
View this post on Instagram
Францускиот фудбалер Пол Погба својата кариера ќе ја продолжи во Јувентус.
После шест години го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч. Се поврзуваше со многу екипи, но на крајот одлучи да се врати во клубот каде што стана ѕвезда.
„Газета дело Спорт“ објави дека 29-годишниот фудбалер ќе потпишал тригодишен договор и ќе заработува осум милиони евра годишно, во следните денови треба да бидат познати сите детали.
Тој од 2012 до 2016 година играше за Јувентус, стана вистинска ѕвезда, играше чудесен фудбал, на 178 меча постигна 34 гола. Со „Старата дама“ освои осум трофеи, во редовите на Јунајтед отиде за 105 милиони евра годишно.
Но, на „Олд Трафорд“ не се прослави, на 226 натпревари постигна 39 голови.