Кавадарци се мобилизира, „Лозари“ пристигнуваат со десет автобуси

4833

Решено е очигледно цело Кавадарци, Тиквеш и следната сезона да игра прва лига. Нема дилеми во овој град дека утре е судбоносен ден за фудбалот во Кавадарци со оглед на фактот дека Тиквеш го игра бараж дуелот против Воска за опстанок во „елитата“.

Дуелот се игра во Струмица, со почеток од 17:00 часот на стадионот „Младост“, а од Кавадарци утре ќе пристигне сериозна бројка на навивачи. Според нашите информации, навивачката група „Лозари“ ќе пристигне со десет автобуси, а додатна сила ќе дадат и оние навивачи, кои ќе пристигнат во сопствена режија, а не со организираниот превоз.

Ова значи дека Тиквеш ќе има сериозна поддршка на овој дуел, а мобилизацијата низ Кавадарци трае веќе неколку дена со графити, банери, и сеопшт повик на навивачите.

ПретходноАндреев и дефинитивно во Вардар
СледноФилип Талески ќе „пука“ за Вардар и следната сезона!