Како што беше и потврдено денеска, Килијан Мбапе останува во Париз. Тој потпиша нов договор со ПСЖ и го „откачи“ Реал (М) кој се сметаше за сигурен нов клуб на младиот Французин.
Како што беше и потврдено денеска, Килијан Мбапе останува во Париз. ПСЖ денеска и официјално ја потврди новата 3-годишна соработка со Мбапе. Францускиот репрезентативен напаѓач ќе остане во главниот град на Франција до 30 јуни 2025 година.
„Сакам да објавам дека избрав да го продолжам договорот со Пари Сен Жермен и секако дека сум многу среќен поради тоа. Убеден сум дека овде можам да продолжам да растам во клуб кој ги дава сите средства да настапи на највисоко ниво. Исто така, многу сум среќен што можам да продолжам да се развивам во Франција, земјата во која се родив и пораснав. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Хелаифи за довербата, разбирањето и трпението“, изјави Мбапе по официјализирањето на соработката.
ПСЖ вечерва објави и видео за да го потврди неговото останување.
𝐍𝐨𝐭𝐫𝐞 𝐡𝐢𝐬𝐭𝐨𝐢𝐫𝐞 𝐬’𝐞́𝐜𝐫𝐢𝐭 𝐢𝐜𝐢
𝐈𝐜𝐢 𝐜’𝐞𝐬𝐭 𝐏𝐚𝐫𝐢𝐬🔴🔵 #KylianCestParis pic.twitter.com/LtCVEKeqis
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) May 21, 2022