Е.Пелистер ги доби сите дуели со помладиот битолски тим. И последната братска пресметка во салата „Боро Чурлевски“ ја добија избраниците на Жељко Бабиќ, кои условно кажано како гости славеа со 27-30 во претпоследното коло. Ова беше и рехабилитација по изгубената битка во финалето на Купот на Македонија.
Ракометарите на Е.Пелистер брзо го наметнаа своето темпо, на полувремето водеа со 10-15. Најголемата позитива изнесуваше осум гола, а по последните 20-28, падна ритамот, на другата страна Е.Пелистер 2 го искористи овој момент со серија од 7-2 намали на три гола разлика.
Стипе Мандалиниќ постигна девет гола, Ојлески запиша пет. Кај вториот тим, Арсеновски реализираше седум гола.