Тиквеш најде решение и за Охрид

167

Ракометарите на Тиквеш со извонредна завршница го добија дуелот со Охрид во рамките на 9. коло од суперлигашкиот дел на табелата. Охриѓани кои во голем дел од мечот имаа одлична позиција, во финишот потклекнаа пред цврстата игра на домашните кои дојдоа до триумф од 28:22.

Симиќ со 8 гола беше најефикасен кај Тиквеш, додека кај Охрид по 5 гола се запишани зад имињата на Манасков и Костов.

Со оваа победа Тиквеш останува во трка и за место кое води во Европа, особено по поразот на Е. Пелистер 2 во братското дерби во Битола.

ПретходноАнгели редат победи, Куманово убедлив против Работнички
СледноАнадолу Ефес ја одбрани европската титула