ТИМ И ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Адетунџи е најдобриот меѓу најдобрите…

995

Минатата недела заврши јубилејниот 30.шампионат во ПМФЛ. Доволно време да се размисли, анализира и да се види кои од играчите според „Спортмедиа“ заслужуваат да се најдат во идеалниот тим на сезоната 2021/22, кој пак заслужи да биде играч на сезоната, да биде прогласен за најдобар меѓу најдобрите.

Немаше дилеми дека тоа е Сандеј Адетунџи, голгетерот на првакот, на Шкупи, кој е и најдобриот голгетер сезонава со 20 голови. Тој после 21 години е прв “бомбардер“ во ПМФЛ странец. Интернационалецот од Нигерија беше најдобар.
Шкупи под водство на Гоце Седлоски одигра фантастично, а според нас уште четворица играчи заслужија да се најдат во идеалниот состав на сезоната.
Тоа се голманот Кристијан Наумовски, потоа офанзивниот десен бек Владица
Брдаровски, стоперот Фаустин Сенгор и секако “моторот“ на тимот Фреди Алварез.

Од Академија Пандев тука се Бојан Димоски и Мартин Мирчевски кој само со една одиграна полусезона е втор стрелец. Од Шкендија во идеалниот тим се
Јан Кривак и Љупче Дориев, од Ренова тоа е Ремзифаик Селмани и од Македонија ЃП Ермедин Адем.

ИГРАЧ НА СЕЗОНА
САНДЕЈ АДЕТУНЏИ
Тим: Шкупи
Роден: 10.12.1997 во Лагос (Нигерија)

Кариера: Абиа Вориорс, Енумбиа Аба, Лоби Старс, Прибрам,
Риверс Јунајтед, Шкупи

ПретходноЛеклер ја има пол позицијата во Шпанија
СледноБарселона е трета во Евролигата