Како што синоќа и утринава пренесуваат медиумите во Турција, раководството на Трабзонспор, новиот шампион на таа земја одново атакува за потписот на Езџјан Алиоски. Турците го сакаат нашиот репрезентативец и член на Ал Ахли како големо засилување во Лигата на Шампионите, и нема дилеми дека ќе сторат се само за го доведат Џани во своите редови.
Колку за потсетување, минатото лето Трабзонспор имаше разговори и преговори со нашиот фудбалер, но до конечен договор не дојде а Алиоски ја прифати понудата на тимот од Саудиска Арабија. Којзнае, можеби е време Џани да се врати во Европа и тоа во тимот на шампионот на Турција.