Трофејот од СП пристигна во Скопје! (фото)

607

Трофејот од Светското фудбалско првенство трофеј конечно пристигна во нашата земја. Македонија првпат е на картата на земји по кој поминува оригиналниот трофеј на ФИФА. Претседателот на Македонија Стево Пендаровски го пречека амбасадорот на ФИФА, легендарниот бразилски фудбалер Жилберто Силва кој го донесе трофејот.

Наместо војни да зборуваме за фудбал, за спорт за нешто што не обединува. Ако се потрудиме заедно ќе успееме во тоа“, изјави Пендаровски.

И првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини присуствуваше на настанот.

Оригиналниот ФИФА пехар е еден од најголемите симболи во спортот. Фудбалот ја има моќта да соединува, да сплотува и да донесе возбуда и радост. Мене ми е многу драго што Македонија имаше голема шанса за пласман на СП во Катар и тие моменти ќе ги паметиме сите. Се надевам дека ќе имаме нова шанса за пласман на некој следен Мундијал“, изјави Сејдини.

Некогашниот фудбалер на Арсенал и освојувач на СП со Бразил Жилберто Силва го донесе трофејот во Македонија.

Прекрасно е да се биде овде. Голема благодарност до Македонија, до претседателот на ФФМ, до претседателот на државата. Кога зборуваме за СП и за овој пехар зборуваме за соништата, за инспирација на секој фудбалер кој секој ден се мотивира за вакво нешто. Македонија беше многу блиску до остварување на мундијалскиот сон па нека овој пехар биде уште поголема мотивација за следниот квалификациски циклус“, вели Бразилецот.

Фудбалските обожаватели што ќе ја посетат веб-страницата на Coca-Cola ќе имаат можност да добијат покана за турнејата на FIFA World Cup™ трофејот преку едноставно регистрирање и пријавување според принципот на случаен избор. Големиот настан се случува во Пивара Скопје.

ПретходноПоранешниот ас на Лацио, Парма и Интер ги презеде „двоглавите орли“ од Атина
СледноЕуро Никел го декласираше Феникс 2010!