Флорентино Перез го призна поразот во врска со трансферот на Килијан Мбапе, јасно му е и нему дека нема ништо од тоа, посебно откако самиот играч му кажал дека останув во Париз. Уште еден доказ дека се е готово е фактот дека првиот човек на “кралевите“ попладнево пристигнал во Белград, каде сака да му даде поддршка на својот тим во финалето во Евролигата, во кое Реал игра против Ефес вечерва од 19 часот.