ФИФА го води на СП судијата кој свирна крај во 85. минута!

486

ФИФА го стави на списокот Џани Сиказве за Светското првенство во Катар кое ќе се игра во ноември и декември оваа година. Тоа е судијата кој ја направи најголемата комедија на овогодишниот Африкански куп на нациите. Да потсетиме Сиказве свирна крај во 85. минута на мечот меѓу Мали и Тунис.

Потоа мораше да му покажуваат ВАР дека мечот не е 90-та минута од мечот. Потоа Сиказве го продолжи мечот, па свирна крај во 89. минута. И покрај приговор кон него, тој не ја смени одлуката и го заврши натпреварот.

Сега ќе ја дели правдата на собирот на најдобрите светски репрезентации.

 

ПретходноВикенд кој ќе реши само една дилема!
СледноБрутално од Бразил!