Екипата на Џенова следната сезона ќе настапува во Серија Б. По денешниот пораз од Болоња на домашен терен од 0:1, екс тимот на нашиот Горан Пандев, се сели во понизок ранг, затоа што освои сезонава само 28. бодови, недоволни за опстанок. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Бароу во вториот дел.
Џенова дефинитивно е екипа која е едно од најголемите разочарувања во Серија А сезонава, и ќе треба овој клуб сериозно да поработи на организациски план за да врати онаму каде што му е местото, во првата лига.