Oд Севиља, преку Лвов и Буенос Аирес до ЦСКА Москва

199

Московска ЦСКА се пофали со трансферот на колумбискиот интернационалец Хорхе Караскал во интересен трансфер. Хорхе пристигна во Москва на крајот на февруари за 300.000 американски долари но како позајмен фудбалер од Ривер Плата. А сега ЦСКА одлучи да откупи 50% од неговите права за 3,3 милиони долари. Значи останатите 50% од правата се на Ривер Плата. Фудбалерот потпиша договор со ЦСКА до јуни 2026 година, а во случај да биде продаден тогаш парите ќе ги делат рускиот и аргентинскиот клуб.

Караскал потекнува од популарниот колумбиски клуб Милионариос, но за првиот тим одигра само два меча. Од таму отиде да ја бара среќата во Европа, прво во Севиља но андалузискиот клуб веднаш го позајми во Украина и тоа во тимот на Карпати од Лвов. Потоа офанзивецот потпиша постојан договор со Украинците, а во 2019 година отиде во Ривер Плата за во февруари оваа година да се проба во ЦСКА.

Тој одигра 11 натпревари, повеќе од половината од договорот со што беше активирана клаузулата и ЦСКА ќе плати отштета на Ривер и ќе го задржи играчот.

ПретходноТрабзонспор одново атакува за потписот на Алиоски!
СледноВлатко Костов: За Тиквеш утре единствена опција е – ПОБЕДА!