Тимот на Валенсија, во дуел со тимот на Селта на домашен терен извојува предмалку победа од конечни 2:0. Домаќините иако немаа императив на победа пред себе, со оглед на местото на табелата, сепак, обезбедија три бода со головите на Гомес во првиот дел, и автоголот на Араухо во вториот.
Валенсија со овој триумф стигна до 48. бод и деветтото место, додека Селта е единаеста со два помалку.