Со конечни 2:0, и голови постигнати во првото продолжение, тимот на Глазгов Ренџерс е освојувач на купот на Шкотска. Совладан е тимот на Хартс, по голема битка и одиграни продолженија со оглед на фактот дека регуларниот дел заврши 0:0.
Само што стартуваа додатните минути, во 91. односно 93. минута Џек односно Вајт погодија за двојно водсто, по што Хартс немаше повеќе сили да направи нешто повеќе на овој дуел.