Де Брујне е прогласен за играч на сезоната во Премиер – лигата! (ВИДЕО)

72

Кевин де Брујне, членот на Манчестер Сити е прогласен за најдобар играч во Премиер – лигата за сезоната 2021/22 која утре, со последното коло, завршува. Интернационалецот од Белгија по вторпат е прогласен за најдобар и секако сосема заслужено. Тој е “моторот“ на четата на Пеп Гвардиола која утре би требало да стави „печат“ на новата титула. Само чудо треба да се случи Сити на свој терен да не ја победи Астон Вила и така да ја испушти титулата во последен момент.

Инаку Де Брујне ги победи во трката за најдобар играч во ПЛ Салах, Сон, Кансело, Александар – Арнолд, Боувен, Сака и Вард – Прајс. Сите тие заедно со Де Брујне беа номинирани, но сепак играчот за врска на Сити е најдобриот.

ПретходноКакво понижување за Перез: Мбапе одлучи, ПСЖ вечерва ќе ја соопшти веста која фудбалскиот свет ја чека!
СледноУште еден доказ дека нема ништо од Мбапe: Перез пристигна во Белград, на финалето на Ф4! (ФОТО + ВИДЕО)