ПСЖ вечерва во последното коло од Лига 1 на домашен терен го совлада Мец со 5-0, во вечер која навивачите на францускиот шампион долго ќе ја паметат.
Ноќта почна со објавата за нов договор со Килијан Мбапе кој инспириран од развојот на ситуацијата, ги почести навивачите со хет-трик. Меѓу стрелците се запиша и Анхел Ди Марија, кој вечерва го одигра последниот меч на „Паркот на принцовите“ во дресот на ПСЖ , бидејќи на лето ќе го напушти клубот како слободен играч.