Она што денеска се случуваше на темата Килиан Мбапе и одлуката француската фудбалска звезда да остане дел од ПСЖ и да не замине во Реал Мадрид предизвика бура од воодушевувања односно негодувања.
Преовладуваат негодувањата, од проста причина што ПСЖ успеа да го задржи за сметка на огромните финансиски средства кои Мбапе ќе ги добие, што според многумина се косат со нормалното функционирање. Напаѓачот добива сто милиони само за потпис, близу 60 милиони на име годишна плата, плус бонуси од маркетиншки аспект. Од друга страна пак, ПСЖ секоја година пријавува огромни загуби во финансиското работење.
Па така, не можејќи очигледно да издржи, а да не го даде своето мислење, првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас објави дека ПСЖ и Мбапе во овој потег буквално се навреда за фудбалот.
„ Ова што ПСЖ и Мбапе го прават со новиот договор за огромни пари, а притоа клубот во последните сезони пријавуваше огромни загуби од 700 милиони евра е навреда за фудбалот. Притоа на годишно ниво ПСЖ троши близу 600 милиони. Сопственикот на ПСЖ Ел Калифи е опасност за фудбалот колку и Суперлигата“ – изјави Тебас.
FOTO EPA
Lo que va a hacer el PSG renovando a Mbappé con grandes cantidades de dinero (a saber dónde y cómo las paga) despues de dar pérdidas por 700M€ en las últimas temporadas y tener mas 600M€ de masa salarial, es un INSULTO al fútbol. Al-Khelafi es tan peligroso como la Superliga. pic.twitter.com/sZ1Y1TaSbK
— Javier Tebas Medrano (@Tebasjavier) May 21, 2022