Таста со пригоден подарок испратен од Прилеп (ФОТО)

338

Имав прилика да присуствувам на ракометниот натпревар РК Прилеп-РК Струга, воедно последен

По најавата дека нашиот поранешен репрезентативец, Горан Кузманоски ја завршува својата „авантура“ во родниот град по две години минати на клупата на Прилеп, денеска посебно признание за него на мечот со Струга доби и од првиот човек на градот под Марковите Кули.

„Во мое име и во името на Локалната самоуправа упатив благодарност за неговиот досегашен ангажман на клупата на прилепскиот ракометен клуб и исто така му посакав успех во неговата тренерска кариера во иднина. Упатувам честитки до целиот тим за изминатата сезона и останувањето во најелитното ракометно друштво во Македонија, посакувајќи им поголеми успеси во наредната сезона!“, изјави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој на популарниот „Таста“ му врачи врамен дрес.

 

ПретходноОдбојкарите завршија во Маврово, в понеделник се селат во „Борис Трајковски“
СледноИзлегоа пораките кои Мбапе и Флорентино Перез си ги размениле денеска