ФИНАЛЕ: Нова титула за Ефес или враќање на „Кралевите“ на тронот?

155

Врвот на клупската сезона во Евролигата. Вечерва (со почеток од 19:00 часот) ќе се одигра финалето на најелитното кошаркарско клупско натпреварување, местото на настанот е „Штарк арена“ во Белград, а на мегдан ќе излезат Анадолу Ефес и Реал Мадрид.

Дали тоа ќе биде втора титула по ред за Ефес или 11-та за „Кралскиот клуб“?

Реал во 19-тото финале ја бара 11-тата титула, односно прва по 2018 година. Екипата предводена од Пабло Ласо на клупата успеа да ја совлада Барселона во полуфиналето со што ја прекина серијата од пет едноподруго порази од каталонскиот клуб. Во вистински момент! Триумф за ново финале во Евролигата.

Серхио Љуљ ќе игра за својот трет пехар во осмиот Фајнал фор, а Руди Фернандез може да го прослави својот 29. трофеј во кариерата вклучувајќи и пет злата со Шпанија.

Ефес успеа да го победи Олимпијакос и доби шанса во своето второ финале во историјата и второ по ред да ја брка втората титула. Исто така тимот на Ергин Атаман ќе се обиде да направи нешто што на никому не му успеало речиси цела деценија – да ја одбрани круната. Претходно тоа го направиле само Макаби (2004 и 2005) односно Олимпијакос (2012 и 2013 година).

Очите се вперени кон двоецот Василије Мициќ и Шејн Ларкин. Тие се најзаслужните играчи што Ефес е на врвот во Евролигата во изминатите две-три сезони. Првиот на Ф4 влезе како најдобар стрелец на Евролигата.

Каде ќе заврши титулата оваа година останува да видиме вечерва!

ПретходноИнтер почнал преговори со Мхитарјан
СледноПоранешниот ас на Лацио, Парма и Интер ги презеде „двоглавите орли“ од Атина