Баражи за ПМФЛ: Ќе “ВРИЕ“ во Струмица, Тиквеш или Воска….“пиратите“ се фаворити против Беласица во Штип!

506

 

Попладнево од 17 часот се играат баражите за пополнување на ПМФЛ за следната 2022/23 сезона. Во Струмица силите ќе ги одмерат Тиквеш и Воска, а во Штип се среќаваат Скопје и Беласица. Победниците на овие два меча во следната сезона ќе играат во елитата, додека поразени во единствената Втора лига.

Токму затоа овие баражи се екстра значајни, има четири желби, но само две ќе се остварат.

Посебно интересно ќе биде во Струмица, каде Тиквеш и Воска Спорт ќе бијат битка до “истребување“ што се вели. Овој бараж имаше и своја “предигра“ околу тоа каде ќе се игра, но сега тоа е најмалку важно,сега на ред е да покажат момците на Костов и Цицмиловиќ кој тоа заслужува да игра во елитата.

Нема сомневање дека ќе “врие“ на стадионот “Благој Истатов“, имено се најавуваат навивачки “инвазии“ од Кавадаци и Охрид. Ова е меч кој не смее да се загуби.

Во сенка на дуелот во Струмица, кој на прв поглед е поатрактивен, во Штип се среќаваат Скопје и Беласица. Нема сомневање дека “пиратите“ се фаворити, но Беласица како втора во ВМФЛ – ИСТОК, покажа и докажа дека има сила за изненадување.

Па, фудбал е тоа. Се е можно во еден натпревар.

ДВОЈКИ – ДЕНЕСКА 17 Ч

СТРУМИЦА: ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ

ШТИП: СКОПЈЕ – БЕЛАСИЦА

ПретходноЧаир е шампион во Втората лига
СледноТФТ и Гостивар во битка за последното плеј-оф место!