Бараж за ПМФЛ: Кавадарци слави…Тиквеш ја “ПОЗДРАВИ“ Воска и остана во ПМФЛ! (видео)

1989

Кавадарци слави, Кавадарци е во еуфорија. Тиквеш и следната сезона ќе игра во нашата елитна лига, откако попладнево во Струмица на стадинот „Благој Истатов“, со 4:1 успеа да ја победи Воска Спорт во баражот за ПМФЛ. Одличен, супер – настап за момците на Влатко Костов, пред се на младиот Спахиу кој постигна два гола, а по еден дадоа Ивановски и Љамчевски.

Да кажеме дека Спахиу во ланскиот бараж за пласман во ПМФЛ со Силекс го постигна победничкиот гол.

Па така тимот од Охрид и во наредната сезона ќе игра во Втората лига.

Тиквеш поведе во 13.минута со голот на Спахиу, откако претходно Нгоба убаво си ја смири топка, потоа таа акција продолжи, за да ја заврши Спахиу кој убаво шутираше оддесно за 1:0.

Во 18.минута кавадарчани поведоа со 2:0 и тоа со голот на Ивановски, кој убаво се снајде на втората статива. Сепак Воска Спорт во 43.минута со убавиот гол на Емини намали на 2:1, со тој резултат се замина на полувреме.

Се играше 67.минута кога Љамчевски со фантастичен шут од слободен удар од преку 20 метри му донесе водство на Тиквеш од 3:1. Голчиште…

И тоа не беше се, Спахиу со екстра продор во таа 74.минута зголемува на 4:1. Што се покажа како конечен резултат.

ПретходноМечот во Бутел прекинат во 14. минута во чест на Спасовски (ФОТО)
СледноЛуди пет минути на „Граѓаните“: Дадоа три гола, направија пресврт и ја одбранија титулата 🎥