Килијан Мбапе одлучи да го одбие Реал Мадрид и да продолжи во ПСЖ. Раководството на шпанскиот тим на чело со Флорентино Перез се разочарани, пишува „Марка“. Но, Перез остана ладен и на францускиот фудбалер му посака се најдобро во иднина. Истото не може да се каже за Карим Бензема, соиграчот на Мбапе од репрезентацијата.
Тој долго време го убедуваше да дојде во Реал Мадрид, а откако не успеа во тоа, на својот „Инстаграм“ профил објави слика со легендарниот рапер, Тупак, кого го обожава. Во позадина на таа фотографија е човек за кој се верува дека го предал Тупак и бил убиен поради него пред 26 години.
Karim Benzema has put this picture up on his Instagram page. It’s a picture of Tupac and a friend who betrayed him.
Karim is not happy.😂 pic.twitter.com/B6yegzvZAl
— PF | Transfer News (@PurelyFootball) May 21, 2022