Луди пет минути на „Граѓаните“: Дадоа три гола, направија пресврт и ја одбранија титулата 🎥

665

Манчестер Сити ја одбрани титулата во Премиер лигата со победата над Астон Вила со 3:2 во последното коло. Херој на „граѓаните“ беше Илкај Гундоган кој со два гола ја донесе победата и практично шампионската круна. По десет години после оној луд финиш и голот на Агуеро во последните секудни и денеска на драматичен начин Сити стигна до тронот.

Сити влезе во дуел со тимот од Бирмингем со поен предност на табелата во однос на Ливерпул кој играше со Вулверхемптон на „Енфилд“.

На големо изненадување фудбалерит на Астон Вила направија предност од 0:2 со головите на Мети Кеш во 37. и на Кутињо во 69. минута. Во тие моменти на „Енфилд“ беше 1:1 што значеше дека на Ливерпул му требаше победнички гол за титулата.

Но во финишот Сити магично се крена. За пет минути постигна три гола и го сврте мечот во своја корист. Гундоган во 76. минута намали, Родри изедначи две минути подоцна, а во 81. минута Гундоган со својот втор гол направи пресврт.

Во тие моменти и на „Енфилд“ падна гол со кој Ливерпул поведе против Вулверхемптон преку Мохамед Салах но сега веќе не му одговараше резултатот од „Етихад“. Немаше контрола на ситуацијата, се зависеше од мечот на „Етихад“.
До крајот Астон Вила предводена од Стиви Џи не успеа да извлече барем реми од Манчестер, па така шампионскиот пехар ќе остане на „Етихад“. Ливерпул во финишот се задоволи со утешна победа од 3:1 со гол на Робертсон во 89 минута.

За Манчестер Сити ова е осма титула во историјата, а Ливерпул не успеа да стигне до јубилејната 20-та. На табелата Сити е прв со 93 бода, Ливерпул втор со 92 бода.

Трет заврши Челзи со 74 бода, а четврти Тотенхем со 71 бод. Овие четири тимови ќе играат во Лигата на шампионите идната сезона.

Арсенал е шести, а Манчестер Јунајтед и покрај поразот од Кристал Палас остана на шестото место. Тие ќе играат во Лига Европа. Во Лигата на конференции ќе оди седмопласираниот Вест Хем.

Во долниот дел. Лидс се спаси со победата над Брентфорд во гости (2:1), а во понизок ранг патуваат Барнли, Ватфорд и Норвич.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 38.КОЛО
АРСЕНАЛ – ЕВЕРТОН 5:1
БРЕНТФОРД – ЛИДС 1:2
БРАЈТОН – ВЕСТ ХЕМ 3:1
БАРНЛИ – ЊУКАСЛ 1:2
ЧЕЛЗИ – ВАТФОРД 2:1
К.ПАЛАС – МАН.ЈУНАЈТЕД 1:0
ЛЕСТЕР – САУТЕМПТОН 4:1
ЛИВЕРПУЛ – ВУЛВЕРХЕМПТОН 3:1
МАН.СИТИ – АСТОН ВИЛА 3:2
НОРВИЧ – ТОТЕНХЕМ 0:5

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБараж за ПМФЛ: Кавадарци слави…Тиквеш ја “ПОЗДРАВИ“ Воска и остана во ПМФЛ! (видео)
СледноБараж за ПМФЛ: “Пиратите“ го имаат херојот Јаневски…