Мечот во Бутел прекинат во 14. минута во чест на Спасовски (ФОТО)

264

По четири сезони минати во Бутел Скопје и дваесетина години активно играње ракомет, Бојан Спасовски реши да ја заврши кариерата.

Токму на последниот меч на домашен терен, раководството на клубот го испочитува својот капитен.

Мечот меѓу Бутел Скопје и Вардар беше прекинат во 14. минута во негова чест, Спасовски доби врамен дрес од Бутел Скопје, но и подарок дрес од Вардар со потпис од сите играчи.

Бојан потекнува од Радишани, а потоа ги бранеше боите на Пролет, Вардар Јуниор и Охрид.

Со Бутел три пати беше дел од Ф4 во Купот на Македонија, а оваа сезона го освои третото место во Суперлигата. Играше и во европските купови со Бутел Скопје.

ПретходноРубин промаши пенал во 90+13 минута и испадна од руската Премиер лига
СледноБараж за ПМФЛ: Кавадарци слави…Тиквеш ја “ПОЗДРАВИ“ Воска и остана во ПМФЛ! (видео)