Од 18:00 часот се решава судбината на шампионот во Серија А. Тимот на Милан гостува кај Сасуоло во обид да избори барем бод и да ја освои титулата, а од друга страна во Милано, Интер ќе треба да ја победи Сампдорија и да чека поволен расплет на „Мапеи“ во Сасуоло.
А таму, денеска пристигнуваат 20.000 навивачи на Милан. Така е најавено од страна на властите, но и од самиот клуб, Милан, кој побара од своите навивачи денеска максимална поддршка, а и ќе ја добие. Стадионот во Сасуоло има капацитет од 24.000 гледачи, а речиси сите денеска ќе навиваат за Милан.