Рубин промаши пенал во 90+13 минута и испадна од руската Премиер лига

303

Photo FC “Rubin”

Крах на некогашниот двоен руски шампион и учесник во Лигата на шампионите. Во последното коло од руската Премиер лига Рубин на домашен терен изгуби од УФА со 1:2 и заврши на претпоследното место и му недостасуваше поен за да фати бараж за опстанок.

Инаку Рубин имаше пенал во 90+13 минута, но Лисакович не погоди од белата точка. Рубин остана без бодови и директно испадна од елитата после 19 години непрекинато играње во Премиер лигата.

По мечот тренерот Леонид Слуцки избега од новинарите. Од клубот објавија дека тој нема да се појави на прес-конференцијата, но потоа Слуцки се премисли излезе и им се извини на новинарите меѓутоа одби да одговори на нивните прашања и ја напушти собата.

Тој со брз чекор и заедно со спортскиот директор Олег Јаровински со автомобил го напуштил стадионот.

Рубин е руски шампион од 2008 и 2009 година, освојувач на Купот во 2012 година и Суперкупот на Русија во 2010 и 2012 година. Од 2003 година настапува во најсилната руска лига и предводен од легендарниот Курбан Бердијев два пати беше шампион на Русија и играше во групите на Лигата на шампионите.

Во сезоната 2015/16 играше против Работнички во плеј-офот и го елиминира со вкупни 2:1 по што влезе во групите на Лига Европа. Последниот настап во Европа му беше оваа сезона кога испадна во третото квалификациско коло од полски Раков по продолженијата (вкупни 1:0).

ПретходноПолувреме – баражи: Тиквеш – Воска 2:1, “пиратите“ имаат водство во Штип!
СледноМечот во Бутел прекинат во 14. минута во чест на Спасовски (ФОТО)