Хаос во Загреб: Пресметка меѓу навивачите и полицијата, двајца застрелани, голем број повредени (ВИДЕО)

2319

Големи нереди настанале по вчерашното хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук. Во центарот на вниманието се навивачите на тимот од Сплит и полицијата, според тамошните медиуми има голем број на повредени, а две лица се здобиле со повреди од огнено оружје.

Нередите се случиле на автопатот кај одмаралиштето Десинец, помеѓу Загреб и Карловац. Полицијата за да ја смири ситуацијата морала да употреби огнено оружје, па две особи се ранети, додека бројот на повредени е голем, меѓу нив и има 10 полицијаци.

Неофицијално, еден од сведоците изјавил дека навивачите на Хајдук го блокирале собраќајот на автопатот, по што истрчале и почнала пресметката.

ПретходноОва го нема никаде: Вистинско „Реално шоу“ во Бугарија (ВИДЕО)
СледноМајами поведе со 2-1 во финалето на Истокот (ВИДЕО)