Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај и дефанзивецот Самуел Умтити ова лето може да се преселат во Арсенал, пишуваат каталонските медиуми.
Лондончани би можеле да ги добијат двајцата играчи за 25 милиони евра, но Арсенал ќе мора да ги исполни барањата на Депај за неговата плата. 28-годишниот холандски репрезентативец е најдобар стрелец на Каталонците во текот на сезоната со 13 гола и две асистенции на 27 натпревари во Примера. Французинот Умтити оваа сезона во шпанската елита одигра само еден натпревар.
Мемфис веќе има искуство на островот со тимот на Манчестер Јунајтед, а тренерот на Арсенал, Микел Артета се соочува со многу проблеми ни затоа настојува добро да пазари ова лето.