Бараж за ПМФЛ: “Пиратите“ го имаат херојот Јаневски…

515

Скопје – Беласица 2:1 е епилогот од вториот бараж за пополнување на ПМФЛ. Па така „пиратите“ од Автокоманда и во следната сезона ќе играат во ПМФЛ. Тие денеска славе против Беласица и тоа благодарение на на Филип Јаневски кој постигна два гола. И во Штип радост на “прволигашот“. Скопје со 2:1 во вториот бараж ја победи Беласица и следната сезона ќе игра во елитата. Тимот на Скопје со гол во 30. минута со голот на Јаневски успеа да поведе со 1:0 против Беласица.

Сепак во 53.минута со прекрасниот гол на Трајков и тоа со петтица, струмичани израмнија на 1:1.

Јаневски во 87.минута постигна супер гол за 2:1. Доволно за победа, за останување во ПМФЛ.

ПретходноЛуди пет минути на „Граѓаните“: Дадоа три гола, направија пресврт и ја одбранија титулата 🎥
СледноВака Тиквеш слави: Костов “лета“, “Лозарите“ со бакљи среде Струмица…. (ФОТО+ ВИДЕО)