Барса дава 32, Баерн бара 35 милиони за Левандовски

105

Според пишувањата на германските медиуми денес, Роберт Левандовски е на праг да премине во Барселона, со тоа што двата клуба ќе мора да се договорат за отштетата која треба да се плати за 33. годишниот интернационалец на Полска.

Според истите, Барселона е подготвена да плати 32. милиони евра и да го откупи договорот на Левандовски кој патем е важечки до 2023 година, но Баерн бара нешто повеќе односно 35. милиони.

Иако Оливер Кан, еден од раководните луѓе на Баерн на стартот на неделава изјави дек Левандовски ќе го одработи договорот до крај со Баерн, сепак тоа во моментов е малку веројатно.

ПретходноДавидовски испиша историја, стана првиот Македонец со триумф во ТЦР Европа
СледноМилан носи 20.000 навивачи во Сасуоло