Бензема збесна, Мбапе го нарече предавник!

1550

Килијан Мбапе одлучи да го одбие Реал Мадрид и да продолжи во ПСЖ. Раководството на шпанскиот тим на чело со Флорентино Перез се разочарани, пишува „Марка“. Но, Перез остана ладен и на францускиот фудбалер му посака се најдобро во иднина. Истото не може да се каже за Карим Бензема, соиграчот на Мбапе од репрезентацијата.

Тој долго време го убедуваше да дојде во Реал Мадрид, а откако не успеа во тоа, на својот „Инстаграм“ профил објави слика со легендарниот рапер, Тупак, кого го обожава. Во позадина на таа фотографија е човек за кој се верува дека го предал Тупак и бил убиен поради него пред 26 години.

Оваа објава доаѓа по официјализирањето на соработката на ПСЖ и Мбапе, пораката до младиот фудбалер е повеќе од јасна.

ПретходноТФТ и Гостивар во битка за последното плеј-оф место!
СледноЗахариевски е еден од кандидатите за тренер на Работнички!