Вардар Неготино после 20 години се врати во Супер-лигата

308

Вардар Неготино и официјално се пласираа во Супер-лигата, откако во рамките на 17. коло од плеј-офот во Првата лига беа подобри од Аеродром со 25-22. Овој тим после 20 години се враќа меѓу најдобрите тимови во мак-ракомет.

На другата страна пак гостите не успеаја да дојдат до бодовите, со кои ќе останеа на петото место кое исто така води кон Супер-лигата.

Домашниот тим дуелот го доби во второто полувреме, откако по првите 30. минути имаше минимални 11-10.

Петре Пеовски со сеудм гола, Костадин Петров со шест беа најдобри кај Вардар Неготино, на другата страна Филип Пајкоски и Иван Митревски имаа по седум погодоци.

ПретходноГотово е во Италија: По 11 години Милан го освои „Скудетото“!
СледноМЗТ Скопје триумфално и низ Битола за продолжување на перфекцијата!