Влатко Костов може да биде задоволен. Тој ги оствари амбициите на клуботм на сите во Тиквеш, на фановите. Тиквеш и следната сезона ќе игра во ПМФЛ. Денеска во баражот кавадарчани славеа против Воска Спорт со 4:1, и затоа Костов е многу среќен.
По натпреварот изјави…
“Тоа беше навистина тежок натпревар, но сепак мислам дека заслужени победивме. Добро беше тоа што рано поведовме со 2:0, потоа беше многу полесно. Знавме дека Воска ќе се отвори, малку тензија се направи кога намалија тие на 2:1, но тактички бевме добри во тие моменти. Потоа дојдоа третиот и четвртиот гол и тука беше крај. Секако сакам да им честитам на моите играчи, многу сум среќен по оваа победа“ изјави стратегот на Тиквеш.