Познато е што се се случуваше во штотуку изминатата сезона во ВМФЛ – ЗАПАД, кога Воска Спорт заврши како втора и тоа пред Вардар. По одигрување на мечот во Кратово кај Силекс, по кој Воска избори пласман во баражот, охриѓани преку социјалните мрежи го “поздравија“ голманот на Вардар, Филип Гачевски со ПА – ПА..
Се разбира дека Гачевски по мечот во Струмица, во која Воска загуби од Тиквеш со 1:4, не им остана должен и и порача на ФБ…
“Папа Гачевски. Воска Спорт сега разбира зошто напишавте папа Гачевски. Нормално, јас сум Папа за вас од Ватикан. Господ е голем и правдата е тука, тешко е кога се игра чесна утакмица за вас. Пак се гледаме наредната година ама овојпат ќе бидете далеку од мене. Поздрав од Папа Гачевски“.