Милан е новиот италијански шампион. Попладнево во последното коло му требаше победа над Сасуоло и успеа во тоа, го совлада противникот во гости со 3:0 и со тоа го сочува првото место на табелата и воедно ја освои првата шампионска титула по пауза од 11 години.
Во првото полувреме „Росонерите“ поведоа со 3:0 со два гола на Оливие Жиру и еден на Франк Кеси па забавата можеше да започне.
Интер ја совлада Сампдорија со 3:0 меѓутоа тоа не им значеше ништо затоа што требаше градскиот ривал да загуби на „Мапеи“ стадионот.
Инаку ова е 19-та титула за Милан па со Интер се на делба на второто место на листата на освојувачи на „Скудетото“. На првото место е Јувентус.