Вечерва со последните три меча од 38.коло во Ла Лига и официјално заврши сезоната 2021/22. Познато е Реал Мадрид е шампион, Барса ја заврши како што и играше сезонава, очајно, вечерва барем резултатски. Иако каталонците на крајот се втори, сепак вечерва Вилјареал победи среде “Камп Ноу“ со 0:2. И тоа со головите на Педраца во 41.минута, додека вториот гол беше дело на Гомез во 55.минута.
На останатите вечерашни мечеви Атлетико Мадрид како гостин славеше со 1:2 кај Сосиедад, додека Севилја како домаќин го победи Атлетик Билбао со 1:0.
Во ЛШ се пласираа Реал, Барса, А. Мадрид и Севилја, во ЛЕ пак екипите на Бетис и Сосиедад, а во ЛК тимот на Вилјареал.