Ливерпул гледа спас во Стивен Жерард, Сити за титула против Вила

64

Од 17:00 часот денеска се игра последното коло во Премиер лигата, а во него ќе се дознае и шампионот во овогодинешното првенство, како и некои помали нешта, околу тоа ој заминува во Лигата на Европа на пример.

Центар на збиднувањата секако ќе бидат дуелот помеѓу Ливерпул и Вулверхемптон односно Манчестер Сити и Астон Вила. Ливерпул мора да победи секако и да чека кикс на „Итихад“, каде што Вила со легендата на Ливерпул како менаџер, Стивен Жерард, ќе се обиде да го шокира лидерот, да му одземе бодови и да ги направи „Редси“ шампиони.

Сити во моментов на лидерската позиција има 90 бодови, еден повеќе од Ливерпул. Мора да победи, ако сака пехар, а Ливерпул мора да чека.

Арсенал си направи огромни проблеми во изминатите неколку кола, па чека кикс на Тотенхем против последнопласираниот Норич за да оди во Лигата на Шампионите, што е речиси неверојанта мисија, а Манчестер Јунајтед на пример доколку не победи кај Кристал Палас, а Вест Хем обезбеди триумф против Брајтон, тимот од Олд Трафорд следната сезона ќе игра во Лигата на Конференции.

 

Претходно„Лозари“ тргнаа за Струмица, и денеска се со својот сакан Тиквеш
СледноМилан на чекор до титулата, Интер се моли Сасуоло да одигра како некогаш