Дејан Георгиевски не успеа да освои медал на Европското првенство во олимписко таеквондо што се одржува во Манчестер, Англија. Тој е поразен од Хрватот Паско Божиќ со 9-20 во четвртфиналето и така испадна од турнирот.
Ова е еден од послабите настапи на нашиот спортист инаку сребрен од Олимписките игри во Токио.